Познат пластичен хирург почина од коронавирусот: Пациентка му се закашлала за време на операцијата

Докторот Пајман Симони, пластичен хирург од Беверли Хилс, кој се појавуваше во серијата „Доктори“ починал од коронавирус откако жена без маска се закашлала кон него додека тој и ставал инекција на устата.

Докторот Симони (50) носел маска додека го правел оперативниот зафат на жената, која го исполнила неопходниот ковид формулар и нејзината температура била проверена пред да влезе во салата, меѓутоа не била тестирана на вирусот, пренесува Њујорк пост, повикувајќи се на ТМЗ.

Таа се јавила во канцеларијата на докторот неколку дена после хируршката интервенција да му соопшти дека е позитивна на коронавирусот, а Симони веднаш заминал во самоизолација, меѓутоа, подоцна бил хоспитализиран.

Неговата состојба потоа се влошила, бидејќи имал неколку ковид симптоми, вклучувајќи и тежина при дишењето, додава ТМЗ.

Изворот додава дека Симони на крајот бил ставен во вештачка кома пред да почине од излив на крв во мозокот.

– Шокот беше уште поголем бидејќи пред коронавирусот тој беше целосно здрав. Тој е доктор, му се јавив кога добив ковид, а тој ми даваше инструкции што да правам, рекла неговата пријателка Кејти Амири-Џунеси за КЦАЛ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот