Познат новиот клуб на Икарди, Ванда Нара пристигна на потпис

Трансфер сагата со Мауро Икарди се очекува да заврши во наредните неколку часови и Аргентинецот Серија А ќе ја замени со Лига 1. Неговата сопруга Ванда Нара која му е и менаџер, е „уловена“ од медиумите пред просториите на францускиот шампион ПСЖ. Се очекува преговорите да завршат многу брзо по што и Икарди ќе пристигне во просториите на ПСЖ за да ги помине лекарските прегледи и да го потпише договорот.

Пред официјализирањето на потписот со францускиот тим, според договорот, Мауро Икарди, прво ќе потпише нов договор со Интер бидејќи тоа е условот да биде реализиран трансферот. Икарди наредната сезона ќе ја помине во ПСЖ како позајмен фудбалер, а францускиот тим идното лето ќе може да го откупи договорот за сума од 70 милиони евра.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот