Познат насловот на НОВИОТ БОНД: Се враќа и Леа Сејду

бонд
Flickr

Последниот филм во кој Даниел Крег ќе се појави во улогата на тајниот агент 007 доби и официјален наслов, „Нема време за умирање“ (No Time To Die).

Покрај Крег, во филмот ќе глуми и партнерката од „Спектра“, Леа Сејду, повторно како Медлин Свон, додека во другите улоги ќе ги гледаме оскаровецот Реми Малек, Џефри Рајт, Хаоми Харис и Рори Кинеар.

Режисер на филмот е Кери Јоџи Фукунага, кој стои и зад серијата „Вистински детектив“, а кој дојде на местото на Дани Бојл.

„Нема време за умирање“ ќе излезе на 3 април во Велика Британија и на 8 април во САД.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот