ВИДЕО: Познат нарко-бос убиен во центарот на Тирана

Во центарот на Тирана утринава е убиен 66-годишен маж, за кого медиумите наведуваат дека е познат нарко бос.

Тој бил убиен со огнено оружје со пригушувач, а како што пренесува АБЦ Албанија, станува збор за Бехар Суло Софија кој и е добро познат на полицијата заради своите криминални активности.

Бехар бил уапсен пред неколку години заради шверцување на десетина килограми дрога од Турција во Албанија, а беше вмешан и во инцидентот во Драч во 2009 година во кој беа убиени четири полицајци.

Полицијата наведува дека неговото убиство било добро организирано, како и дека се претпоставува дека убијците пукале од автомобил во движење.

Истрагата е во тек, а полицијата ги прегледува надзорните камери поставени на локацијата каде бил убиен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот