Познат напаѓачот од Плимут: Мразел жени, сакал оружје и го обожавал Трамп

Англиска полиција/ Фото: ЕПА

Британската полиција го објави идентитетот на убиецот од Плимут, кој синоќа изврши неколку убиства. Џејк Дејвисон, дваесетгодишно момче беше пронајден мртов на местото на настанот, пренесува Би-Би-Си. 

Иако живеел во Плимут, на Фејсбук профилот на Дејвисон пишувало дека е од Феникс, САД. 

Џејк Дејвисон убиецот од Плимут/ Фото: Facebook Jake Davison

На социјалните мрежи тој го поддржувал Доналд Трамп. 

Луѓе кои лично го познавале Дејвисон, изјавиле дека биле загрижени за неговото ментално здравје, како и дека неодамна во неговото семејство имало случај на заболен од тумор. 

ВИДЕО | Трагедија во Плимут: Убиени пет лица, загинал и напаѓачот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот