Познат музичар во воз заборавил виолина вредна 320.000 долари: Набргу добил порака на Твитер (ВИДЕО)

Фото: Принтскрин

Вредна виолина, стара 310 години, која британскиот музичар Стивен Морис ја заборавил во воз пред скоро две недели, му била вратена под неверојатни околности.

Виолината е инаку еден од неколку инструменти кои биле изработени од врвниот мајстор Давид Теклер во 1709 година.

Морис ја заборавил виолината во воз во Лондон и со велосипед заминал да го помине остатокот од патот. Полицијата преку надзорни снимки успеала да дојде до човекот за кого се сомневало дека ја земал виолината вредна околу 320.000 долари.

– Очаен сум што ја изгубив, не само заради нејзината вредност, таа е мојот живот, рекол тогаш Морис.

Меѓутоа, набргу добил порака на Твитер.

– Го препознавам човекот на снимката, мислам дека тоа е некој кого знам, можам да помогнам. Знам како е кога ќе заборавите нешто вредно во воз, гласела пораката.

Се испоставило дека човекот кој ја испратил пораката е тој кој го земал инструментот.

Мажот кој се претставил само како Џин, се договорил со Морис да се најдат на паркингот кај железничката станица Бекенхем.

Џин веројатно не очекувал дека полицијата го набљудува.

Сепак, против него нема да биде покренато никакво обвинение, бидејќи ги преземал сите чекори за да му ја врати виолината на Морис.

„Беше многу љубезен и се извинуваше. Беше тоа „џентлменска размена“, рекол Морис кој за време на својата кариера работел на музика за филмовите за Џејмс Бонд и „Господар на прстените“, а снимал музика и со Дејвид Боуви и Стиви Вондер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот