Познат кинески научник не ja исклучува можноста вирусот ковид да протекол од лабораторија

Не треба да се исклучи можноста вирусот ковид-19 да протекол од лабораторија, изјави познат кинески научник за „Би-Би-Си“.
Како шеф на кинескиот Центар за контрола на болести, професорот Џорџ Гао одигра клучна улога во одговорот на пандемијата и напорите да се следи нејзиното потекло.
Кинеската влада ја отфрла секоја сугестија дека вируост можеби потекнува од лабораторијата во Вухан. Но, професорот Гао смета поразлично.
Во интервју „Би-Би-Си“, професорот Гао вели: „Секогаш можете да се сомневате во нешто. Тоа е наука. Не исклучувајте ништо“.
Водечкиот светски виролог и имунолог, Џорџ Гао сега е потпретседател на Националната природна научна фондација на Кина, откако минатата година се повлече од ЦДЦ.
Како можен знак дека кинеската влада можеби ја сфатила теоријата за истекувањето од лабораторијата посериозно отколку што сугерираат нејзините официјални соопштенија, Гао изјави дека е спроведена некаква формална истрага за Институтот за вирологија во Вухан.
„Владата организираше нешто“, вели тој, но додава дека тоа не го вклучило неговиот сопствен оддел.
Тоа е прво такво признание дека се случила некаква официјална истрага, но професорот Гао вели дека не го видел резултатот.