Познат идентитетот на Македонецот кој загина во несреќата во Нови Сад
Српските медиуми го објавија идентитет на македонскиот државјанин кој загина во вчерашната несреќа во Нови Сад, кога при уривање на настрешница на главната железничка станива, загинаа 14 лица, а три лица се борат за живот.
„Блиц“ јавува дека станува збор за Васко Саздовски, македонски државјанин, но притоа не е познато колку години има.
Досега се идентификувани седум од четиринаесетте жртви во несреќата. Ова е списокот кој го објавија српските медиуми вчера:
Васко Саздовски од Македонија (возраста и местото на живеење засега се непознати), Анѓела Руман (20) од Стара Пазова, Сања Арбутина Ќириќ (35) од Каќ, Стефан Хрка (27) од Белград, Милош Милосављевиќ (21) од Книќанин (Зрењанин), Ѓуро Швоња (77) од Степановиќево и Вукашин Раковиќ (69) од Буковац.
Претседателот на Србија Александар Вучиќ кажа дека во следните денови ќе има одговорност за оваа трагедија.