Познат домаќинот на финалето на Европското првенство во 2024 година

Берлин ќе биде домаќин на финалето на АЕП 2024/Фото: EPA-EFE/CLEMENS BILAN

Финалниот натпревар на Европското фудбалско првенство во 2024 година ќе се игра на Олимпискиот стадион во Берлин, а првиот натпревар на тој турнир ќе се игра во Минхен, соопшти денеска УЕФА.

Натпреварите ќе се играат во Берлин, Хамбург, Лајпциг („Север/североисток“), Дортмунд, Дизелдорф, Франкфурт, Гелзенкирхен, Келн („Запад“), Минхен, Франкфурт и Штутгарт („Југ“).

Во 2006 година, Германија беше домаќин на Светското првенство, чие финале се одржа на Олимпискиот стадион. Стадионот првично бил изграден за Олимпијадата во 1936 година, организирана од нацистичка Германија.

Западна Германија беше домаќин на Светското првенство во 1974 година и на Европското првенство во 1988 година.

Жрепката за квалификациите за ЕП во Германија ќе се одржи на 9 октомври годинава во Франкфурт, а жрепката за групната фаза од натпреварувањето на 2 декември 2023 година во Хамбург.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот