Познат доктор тврди: Шумахер е жив само затоа што е богат

фото:Twitter/f1

Неврохирургот Николас Акијари вели дека легендарниот Ф1 возач не е истата личност која ја паметат фановите.

Поминаа точно шест години откако Михаел Шумахер доживеа стравична несреќа на скијање во француските Алпи, а јавноста и фановите на седумкратниот Ф1 шампион, се уште немаат вистинска слика за неговото здравје.

Информациите за здравјето се држат во тајност, и од време на време се појавува некаква информација на пријателите на Михаел Шумахер кои имале можност да го посетат.

Во септември минатата година, здравствената состојба на Шумахер повторно беше топ тема во светските медиуми бидејќи беше префрлен во Париз на тајно лечење со матични клетки.

Многумина угледни хирурзи тогаш дадоа свое мислење за состојбата на Шумахер, првичните информации беа деа состојбата на поранешниот Ф1 возач се подобрува, но неврохирургот од Болоња, Никола Акијари смета дека реалната состојба на Шумахер е лоша и дека тој е жив само поради тоа што е богат.

– Органи, коски, мускули… ништо повеќе не е исто. Михаел Шумахер по шест години, повеќе не е личноста која ја паметиме од трките. Иако веќе долго време се грижат за неговата здравствена состојба, многу е сменето во неговото тело, од органите, преку коските па се до мускулите. Тоа е резултат на оштетувањето на мозокот поради несреќниот пад на скијање – тврди Акијари, кој додава дека во вакви случаи настапува смрт кај економски послабо стоечките пациенти.

Според неврохирургот, Шумахер се уште е жив бидејќи е богат и може да си дозовли лекување со матички клетки.

– Неговата моментна состојба бара 24-ласовна грижа на ден. Околу себе има тим на физиотерапевти кои се грижат за неговото тело. Невозможно е да се избегнат компликациите како мускулната атрофија, остреопороза, па дури и пореметувањето во работата на органите. Среќа во несреќата на Шумахер е тоа што луѓето кои не можат да платат вакво лечење, често умираат бидејќи вакво лечење е многу долго и скапо – потенцира Акијари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот