Познат датумот за продолжување на Премиер лигата!

premierleague.com

Првите натпревари ќе се одиграат на 17 јуни, а тогаш силите ќе ги одмерат Манчестер сити- Арсенал и Астон Вила-Шефилд јунајтед.

И дефинитивно е познат датумот кога ќе се рестартираат возбудувањата во најсилното англиско првенство. Како што информираат британските медиуми, Премиер лигата ќе ја продолжи сезоната за три недели.

Првите натпревари ќе се одиграат на 17 јуни, а тогаш силите ќе ги одмерат Манчестер сити- Арсенал и Астон Вила-Шефилд јунајтед. Тие се заостанати мечеви, кои беа одложени непосредно пред прекинот на сезоната поради пандемијата на коронавирус.

Ливерпул кој е многу блиску да ја освои титулата, моментно е првопласиран со 85 бодови, 25 повеќе од второпласираниот Манчестер сити. Дефинитивно се очекува една интересна трка за учество во Лигата на шампионите и Лигата на Европа, како и за опстанок во елитата.

Клубовите во Англија веќе започнаа да тренираат со нормални тренинзи, иако најновите информации велат дека одредени играчи се позитивни на Ковид-19. Од 1.030 играчи од Чемпионшип, позитивен тест имаа само тројца, двајца фудбалери од Фулам и еден на Блекбурн.

Можен распоред на натпреварите –
Премиер лига (сезона 2019/2020)

17 јуни
Манчестер сити-Арсенал
Астон Вила-Шефилд јунајтед

19/20/21/22 јуни
Астон Вила-Челси
Борнмут-Кристал Палас
Брајтон-Арсенал
Евертон-Ливерпул
Манчестер сити-Барнли
Њукасл јунајтед-Шефилд јунајтед
Норич сити-Саутемптон
Тотенхем-Манчестер јунајтед
Ватфорд-Лестер сити
Вест хем јунајтед-Вулверхемптон

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот