Познат датумот кога продолжува Лигата на шампионите

EPA-EFE ALESSANDRO DELLA BELLA

Радио Монте Карло кој е меѓу најрелеватните фудбалски медиуми потврди дека Лигата на шампионите се враќа во првата половина од август.

Како што јавува Радио Монте Карло , УЕФА одлучи по кратка постапка да ја заврши актуелната сезона во Лигата на шампионите која е прекината во осминафиналето.

Досега пласман меѓу осумте најдобри обезбедија Лајпциг, Аталанта, ПСЖ и Атлетико Мадрид, додека останатите реванш натпревари од осминафиналето ќе почнат да играат во август, а завршницата во ЛШ да се одработи за 21 ден.

На 8. и 9. август ќе играат Барселона -Наполи, Баерн Минхен – Челси, Манчестер сити – Реал Мадрид и Јувентус – Олимпик Лион.

По само три дена, поточно во вторник и среда, планирано е да се одиграат првите четвртфинални натпревари.

Финалето во Лигата на шампионите е закажано за 29 август во Истанбул, додека финалниот дуел од Лигата на Европа ќе се игра три дена порано во Гдањск.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот