Познат банкар пронајден мртов

фото: Фејсбук

Поранешниот шеф на „Данскe Банк“ во Естонија Аивар Рене, за кој полицијата трагаше од понеделникот, е пронајден мртов, изјави портпаролот на естонската полиција за „Ројтерс“.

Полицијата по него трагаше откако ја напуштил неговата куќа во Талин.

Рене беше на чело на естонскиот огранок на најголемата данска банка од 2007. дo 2015. година.

Работењето на банката се истражува во неколку земји, вклучувајќи ги САД, Данска, Британија и Естонија, поради сомнителна исплата од околу 200 милијарди евра, кои се вршени преку естонската подружница од 2007. дo 2015. година.

Според зборовите на портпаролката на канцеларијата на естонскиот обвинител, Рене бил сведок во истрагата, но не бил осомничен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот