Позитивните на ковид ќе настапат во Мелбурн

фото: EPA-EFE/ABIR SULTAN

Социјалните мрежи се вжештија по веста дека позитивните на ковид играчи на крикет, ќе имаат можност да настапуваат во Мелбурн, Австралија.

Нормално дека коментаторите на социјалните мрежи, оваа одлука поврзана со одржувањето на Светскиот куп во Крикет, ја поврзаа со одлуката на властите на Новак Ѓоковиќ да не му биде дозволен настап на Австралија Опен, бидејќи српскиот тенисер не беше вакциниран.

– Ова само покажува дека тој во 2022 година беше намерно малтретиран – се вели во еден од коментарите.

Други корисници на социјални мрежи прашуваат како тоа заразени играчи имаат право на настап во Мелбурн, додека невакцинираниот, но тестиран Ѓоковиќ беше принуден да проведе неколку дена во притворот на имиграциската служба на Австралија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот