Позитивни оценки на Мицотакис и Сакералопулу: Грција до утре ќе има 200.000 вакцинации против ковид-19

Фото: EPA-EFE/THANASSIS STAVRAKIS / POOL

Задоволство со начинот на кој се одвива процесот на вакцинација во земјата, изрази грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис за време на средбата со претседателката на Грција, Катерина Сакеларопулу и објасни дека вчера биле вакцинирани речиси 20.000 граѓани, додека пак денеска или најдоцна утре ќе стигнат до вкупно 200.000 вакцинации, јави дописничката на МИА од Атина.

Грчкиот премиер истакна дека процесот на вакцинација може да се спроведува и побрзо, но целосно се зависни од бројот на вакцини што земјата ги добива.

Мицотакис ги опиша како „многу емотивни сликите со возрасни граѓани кои со импресивна доследност се придржуваат до закажаните термини за вакцинација”, додека пак Сакералопулу истакна дека „даваат лекција на хуманост и одговорност” и изрази надеж дека „нивниот пример ќе го следат сите граѓани, дури и оние кои сè уште се против вакцинација”.

И Мицотакис и Сакеларопулу оценија дека епидемиолошките податоци во Грција се многу подобри во споредба со повеќето европски земји.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот