Позитивни на коронавирус во РК Металург, одложени мечевите со рускиот Чеховски!

фото: РК Металург

Тимот од Автокоманда повторно ќе биде во карантин од две недели поради позитивни случаи на ковид-19.

Ракометниот клуб на Металург нема да ги одигра дуелите против Чеховски Медведи на 8 и 11 декември во Русија во рамките од Лига Европа, односно истите ќе бидат одложени.

Европската ракометна федерација (ЕХФ) во наредниот период ќе треба да ги информира двата клуба кои ќе бидат новите датуми за одигрување на двете средби.

Најновите тестирања покажаа дека има два позитивни случаи на коронавирус во редовите РК Металург. Поради тоа на клубот му е наложено да оди во изолација до 16 декември, бидејќи е можно и други ракометари да развијат симптоми.

Воедно се очекува и одложување на претстојните дуели на „сино-белите“ закажани сезонава во македонската Супер лига.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот