Позитивна вест од Фон дер Лајен: Првите Европјани ќе примат вакцина против ковид-19 до крајот на годината

Фото: EPA-EFE/OLIVIER HOSLET / POOL

Претседателката на Европската Комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен најави дека првите граѓани во Европа ќе бидат вакцинирани против ковид-19 до крајот на оваа година.

Во својот говор пред Европскиот парламент, Лајен предупреди дека и покрај „светлото на крајот од тунелот”, не смее да има брзо олеснување на мерките воведени против ширење на вирусот.

– Ситуацијата со пандемијата и натаму е сериозна. Со речиси 3.000 смртни случаи на ден, ковид-19 беше причина број еден за смрт во ЕУ минатата недела. Болниците сè уште се под притисок, знам дека сопствениците на продавници и угостителите сакаат да се укинат ограничувањата, но не смееме да ги повторуваме истите грешки. Премногу брзо и премногу релаксирање ризикува трет бран по Божик, рече Фон дер Лајен.

Таа нагласи дека овој Божик во ЕУ ќе биде поинаков и потивок, но дека има и добри вести.

– Европската комисија досега обезбеди договори со шест компании. Првите европски граѓани би можеле да бидат вакцинирани пред крајот на декември. Светлото е конечно на крајот на тунелот, рече Фон дер Лајен.

Таа ги повика земјите-членки веднаш да подготват логистика за распоредување на милиони дози вакцини, вклучувајќи милиони шприцеви, ладилници, организација на центри за вакцинација и обука на персоналот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот