Позитивен случај на коронавирус ги одложи подготовките на Работнички

фото: fkrabotnicki.com

Фудбалскиот клуб на Работнички не отпатува на подготовки во Охрид откако се појави фудбалер со позитивен тест на коронавирус.

Иако фудбалерот нема симптоми на Ковид-19, Работнички како социјално одговорен колектив одлучи во моментот да ги одложи подготовките и да ги следи протоколите при ваква ситуација.

Сите членови на тимот, стручниот штаб и вработените во клубот пред десетина дена имаа негативни тестови, но сега повторно ќе бидат тестирани, а и играчот кој има позитивен тест ќе замине во задолжителна изолација и потоа повторно ќе се тестира, до повторно враќање во екипата со негативен тест.

Во моментот, неизвесни се и закажаните пријателски натпревари кои беа закажани во периодот на летните подготовки. „Романтичарите“ со врвен приоритет ќе ги следат инструкциите од Институтот за јавно здравје.

Се надеваме дека многу брзо се ќе биде в ред, му посакуваме добро здравје на фудбалерот кој покажа позитивен тест на Covid-19 и се надеваме дека многу брзо повторно ќе бидеме комплетни и ќе ги продолжиме подготовките за новата сезона во Првата лига – информираат од ФК Работнички.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот