Позираат како „Mr. & Mrs. Smith“: Водителката Ирена Спировска повеќе не го крие Душко! (ФОТО)

Фото: Инстаграм

Една од нашите најпознати водителки, Ирена Спировска повеќе не го крие својот љубовен живот од очите на јавноста.

Таа на својот профил на Инстаграм за првпат објави фотка на која позира со момчето Душко Исајловски.

Фото: Инстаграм

Ирена и Душко се повеќе од една година во врска, меѓутоа на почетокот за нив знаеле само нивните најблиски.

– Ова не е ништо ново. Во врска сум, што е сосема нормално. Да сакав да го сокријам својот партнер, немаше да се појавам на јавно место со него. Никогаш не сум зборувала за својот приватен живот, затоа и се вика приватен – изјави Спировска пред неколку месеци кога медиумите успеаа да ги откријат сите детали за парот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот