Пожарот во Пасјак зафати дел од куќите, населението евакуирано

Фото: МИА

По 14 часот попладнево повторно се разви пожарот во маалото Пајсак во делчевското село Нов Истевник. Иако утрово гасеа хеликоптери на Армијата, поради ветрот пожарот веќе зафати куќи од горниот дел на селото. На терен се прави обиколка со трактор каде што е најизразен пожарот, а во меѓувреме населението е евакуирано во пониските делови на почетокот на селото.

На терен се пожарникари од Делчево, Берово, Македонска Каменица, припадници на Армијата, локално население, доброволци, Шумско стопанство кои учествуваат на негово локализирање. Ситуацијата е алармантна. Во моментот она што е најважно според учесниците во гаснењето е да се приклучат трактори..

Жителите кои ги сретнавме велат дека цел ден гори, а околу 15 часот се рагори. Глетката е страшна. Жителите меѓу себе се договараат да се вклучат со трактори во акцијата за гасење, бидејќи сите се испаничени. Мештаните ќе се вклучат и со рачно гребење со цел пожарот да не се спушти во селото.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот