Пожарот во Нотр Дам целосно изгаснат – Се бара причината

Фото: Принтксрин

Пожарникарите соопштија дека пожарот во катедралата Нотр Дам во Париз е целосно изгаснат, а експерти и архитекти се состануваат за да ја проценат штетата и да утврдат дали историскиот споменик е стабилен.

Дополнително ќе се истражува за да се открие причината за пожарот во Нотр Дам. Обвинителот во Париз отвори истрага за „случајно уништување од пожар“.

Полицајците ги испитуваат тимовите градежни работници што вршеле реновирање на Нотр Дам кога избувнал пожарот.

Лорен Нуњез, министер за внатрешни работи, рече дека непосредната опасност е под контрола, но не е познато до кој степен пожарот ја ослабнал структурата на готското здание.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот