Пожарот во Нотр Дам му донесе профит на Амазон

Светскиот гигант за продажба преку интернет – „Амазон“ соопшти дека по пожарот што ја зафати катедралата Нотр Дам се зголемила продажбата на романот на францускиот писател Виктор Иго – „Ѕвонарот на Богородичната црква во Париз“ во оригинална верзија на француски јазик.

Од „Амазон“ истакнаа дека се зголемила и англиската верзија на романот од 1831 година.

Приказната на францускиот писател за ѕвонарот Квазимодо тогаш помогнала во реновирањето на црквата.

Нотр Дам е средновековна катедрала во готски стил, една од најпознатите во Западна Европа. Таа е запишана во списокот на светско наследство на УНЕСКО и секоја година ја посетуваат речиси 14 милиони туристи и католички верници.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот