Пожарот во Мариово и понатму дивее, два ер-трактори не работат

Седми ден продолжува борбата со пожарот во Мариово, кој според ЦУК е најраширен и најтешко се гасне

Не стивнува пожарот во Мариово – огнот зафати 1.600 хектари, а огнената линија е раширена на 110 километри. Пожарот се гаси и од копно и од воздух, на терен се над 200 професионалци што пробуваат да го стават под контрола но теренот е тешко пристапен, во гаснењето на пожарот помага само еден ер-трактор, бидејќи другите два не работат. Не се во функција ниту двата полициски хеликоптери. Денеска е вклучен и армискиот хеликоптер, јавува Сител.

Најмногу е опфатена нискостеблеста растенија, трева и деградирана шума и не е во големи размери опфатен шумски појас. Седми ден продолжува борбата со пожарот во Мариово, кој според ЦУК е најраширен и најтешко се гасне, а пожарникарите како и другите екипи кои се вклучени во стабилизирање на огнот, се надеваат на дожд кои ќе им помогне во локализирањето на пожарот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот