Пожарот во Амазонија УНИШТИ ДОМ НА ДРЕВНО ПЛЕМЕ: Нивните зборови се лекција за ЦЕЛИОТ СВЕТ!
Разорниот пожар во Амазонија ги уништи домовите на племето Нура, а сега од нивната животна средина е останата само гола земја.
Огнот се заканува да зафати и делови од заштитени шумски подрачја.
Сега припадниците на ова племе се опкружени со изгорени стебла и пуста почва, а воздухот е исполнет со мирис на изгорено.
Племенскиот старешина, откако се случила несреќата, изјавил дека би ја дал и последната капка крв за оваа шума.
„Секое дрво има живот, дрвјата треба да живеат, секое на свое место. Ние сме уништени, ова е злосторство против нас“, изјавил тој.
Друг припадник на племето тажно одговорил:
„Прашумата умира. Чувствуваме како климата се менува, прашумата му е потребна на светот. На нас и на нашите деца“, додал тој.