Пожарот во адвокатската улица во Скопје е изгаснат, во куќата не живеел никој

Противпожарно возило / Фото: МИА

Пожарот што вечерва избувна во напуштена куќа на адвокатската улица позади ресторанот „Стара куќа” е изгаснат.

Територијалната противпожарна единица на Град Скопје интервенираше со три противпожарни возила и со уште едно возило за дотур на вода.

– Во 21:18 часот е примена дојава за запалена куќа на адвокатска улица позади ресторанот „Стара куќа”. По самата дојава пристигнато е со три возила и уште едно дополнително возило за дотур на вода. Пожарот е локализиран за краток период, куќата е напуштена и во неа не живеел никој, изјави вечерва командирот на ТТПЕ Владимир Симоновски.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот