Пожарот од планината Готен се прошири кон акумулацијата „Турија”, се бара помош за гаснење со хеликоптери

Пожарот на планината Готен, кој гори повеќе од две недели меѓу селата Покрајчево и Злеово во општина Радовиш и во поголем дел е ставен под контрола, денескa се прошири кон акумулацијата „Турија”, кон месноста „Железен дол”, во општина Василево, Струмичко, информираат од Шумското стопанство „Беласица” од Струмица.

-Таму теренот е непристапен и освен интервенција од воздух нема друг начин да се запре ширењето на пожарот, информираат од Шумското стопанство „Беласица” од Струмица.

Градоначалникот на Василево, Марјан Јанев, потврди дека пожарот се проширил во атарот на општината и упатил барање до Дирекцијата за заштита и спасување за користење на хеликоптери за гаснење на пожарот.

Инаку, според досегашните информации пожарот зафати површина од околу 30 километри, а првичните проценки се дека изгореа над 200 хектари разновидна шума.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот