Пожарот на воениот амфибиски брод во Сан Диего најверојатно подметнат

Ако биде утврдено дека огнот избил намерно, тоа ќе биде најголемата загуба од подметнат пожар досега во американската армија.

Американски морнар е под истрага за подметнување пожар на воениот амфибиски брод „Бонхом Ричард”, што во јули гореше со денови и предизвика опасни експлозии со повеќе повредени војници, јави синоќа Еј Би Си.

-Повеќе извори поврзани со Воено-морнаричката служба за истраги (НЦИС) укажаа дека истражителите утврдиле дека пожарот на 12 јули можеби бил предизвикан намерно. Истражителите идентификувале морнар како осомничен за подметнување, јави телевизијата.

Биле издадени повеќе налози за претрес во домот на морнарот, чие име се уште не е познато на јавноста..

Пожарот најверојатно го уништи амфибиско-офанзивниот воен брод што чини неколку милијарди долари, јави порталот Драјв. Ако биде утврдено дека огнот избил намерно, тоа ќе биде најголемата загуба од подметнат пожар досега во американската армија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот