Пожарот кај Дренак, Старо Нагоричане е локализиран

Фото: МИА

Пожарот кај Жељувино-Дренак е локализиран, но сè уште дежура екипа од противпожарната единица на Старо Нагоричане, информираше денеска командирот, Далибор Трајковски.

– Со пожарот беше опфатена сува трева, деградирана шума. Екипите вчера беа до 20.30 часот, а денеска по гасењето сè уште се таму, за да спречат негово повторно разгорување-изјави Трајковски.

ТППЕ од Старо Нагоричане го гасеше пожарот со едно теренско возило и пет пожарникари интервенира со грбни пумпи и поддршка на мештани. Овој пожар се наоѓа на високото планинско место на тромеѓето на Дренак-Жељувино и Аљинце.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот