Пожарникарски крос на кејот во Аеродром

Традиционалниот пожарникарски крос-натпревар „Пожарко 2019“ по дванаесетти пат се одржа денеска на кејот на реката Вардар, во близина на СЦ „Јане Сандански“ во Општина Аеродром.

На кросот учествуваа околу 500 ученици од петто до деветто одделение од основните училишта од Град Скопје. Тие се натпреваруваа во конкуренција во категорија машки 600 метри и женски 500 метри.

Кросот се одржува по повод 20 Мај, Денот на пожарникарството, во организација на Општинскиот противпожарен сојуз „Аеродром“, a во соработка со Противпожарниот сојуз на Град Скопје.

Оваа традиционална спортска манифестација претставува значаен придонес во развојот на свеста кај младата популација за заштита од пожари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот