Пожарникарите кои ги спасија луѓето од косовскиот автобус: Ништо не може да ве подготви за ова

Фото: Screenshot/YouTube

Командирот на пожарникарите во Славонски Брод, Иван Вулета и заменикот-командир Марио Тончек беа првите кои пристигнаа на местото на несреќата на автопатот А3 каде се преврте косовски автобус при што загинаа 10 лица, а повредени се 45. Тие велат дека ваква несреќа не паметат, и дека ништо не може да ве подготви за сцените кои тие ги начекале, пренесува Индекс.хр.

„Првата дојава беше дека гори автобус кој се превртел од автопатот, меѓутоа кога пристигнавме видовме дека тој мал пожар сам се изгасил, но затекнавме ужасна сцена, многу повредени и мртви лица. Веднаш почнавме да ги извлекуваме патниците кои не излегоа самите, притоа ги слушавме нивните крици, а потоа започна спасување на заглавените лица кои се наоѓаа во автобусот и под него. Такви сцени дефинитивно не се за секого, тоа се тешки трауми, како за патниците, така иза лицата кои ги спасуваат. Ништо не може да ве подготви на такви сцени. Ваква голема несреќа со волку смртни настрадани лица и повредени не паметам“, рекол Тончек за РТЛ.

Командирот Вулета рекол дека за жал, за вакви несреќи за вработените во пожарните служби не постои стручна психолошка помош.

„Ќе беше добро да постоеше некоја служба која би реагирала самата после вакви настани, која би дошла и би направила се што треба. Тоа е стресна ситуација и добро би ни дошла таква помош“, рекол Вулета.

Тој додал дека самиот ќе разговара со сите 12 пожарникари и ќе ги праша како се чувствуваат после интервенцијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот