Пожарникари му ја СПАСИЛЕ КУЌАТА, а пораката која му ја оставиле на сопственикот стана ВИСТИНСКИ ХИТ (ФОТО)

Австралијанецот Пол Секфи на социјалните мрежи ја сподели пораката која му ја оставиле пожарникарите кои ја спасиле неговата куќа од пожар, а потоа се извиниле поради тоа што се напиле млеко од неговиот ладилник.

Секфи се вратил во својот дом во Нов Јужен Велс и токму таму ја затекнал пораката од локалните пожарникари: „Задоволство ни е што успеавме да ја спасиме вашата куќа. ПС: Ви должиме млеко“, пишува во пораката.

Австралија веќе неколку денови се бори со пожарите во кои досега настрадаа три лица и изгореа повеќе од 150 куќи. Повеќе од 60 пожари беснеат во Нов Јужен Велс, пишува Би-Би-Си.

Секфи пораката ја пронашол во кујната. Во неа пожарникарите се извинуваат и што не успеале да ја спасат и оставата покрај куќата, а Австралијанецот вели дека подобра порака нема добиено уште од утрото по венчавката.

Фотографијата со пораката ја споделиле стотици луѓе, а дошла и до пожарникарот кој ја напишал. „Драго ми е што пораката пристигнала до вас“, напиша Кејл Харди Портер на Фејсбук.

„Се засолнивме во вашата куќа каде здогледавме фрижидер“ додаде тој во меѓувреме извинувајќи се за лошиот ракопис бидејќи веќе било темница.

„Задоволство ни е што успеавме да направиме нешто позитивно во така страшни услови“, напиша Харди Портер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот