Пожарникар тешко повреден додека гасел пожар кај Чучер

Противпожарно возило / Фото: МИА

Тешко повреден пожарникар, кој се здобил со повредите додека учествувал во гасење пожар во општината Чучер-Сандево, е донесен вчера на Скопските клиники, информираат од МВР.

„На 15.11.2021 во 09.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Комплекс клиники „Мајка Тереза” бил донесен пожарникар со тешки телесни повреди, со кои се здобил за време на гасење на пожар на 14.11.2021 на место викано „Рамно”, општина Чучер-Сандево“, се вели во соопштението од МВР.

За настанот е известен Трудов инспектор, додаваат од полицијата.

Видео на денот