Пожарите го расплакаа Кирјос: Ова е посилно од тенисот (ВИДЕО)

twitter.com/smh

Австралискиот тенисер по првата победа во новата година зборуваше за пожарите кои беснеат во Австралија.

Ник Кирјос новата година ја започна со победа над Германецот Јан-Ленард Штруф во два сета со 6:4,7:6. Кирјос кој е познар по своите испади на тениските терени, сега на покажа својата емотивна страна и се расплака додека даваше интервју на теренот. Кирјос претходно најави дека за секој ас сервис кој ќе го отсервира на АТП купот ќе донира во 200 австралиски долари.

Причина за емотивниот крах на Кирјос се големите пожари кои беснеат во неговата родна земја во која досега има 17 човечки жртви, а се изгорени и над 6.000 станбени објекти и куќи и изгорени се неколку стотици милиони животни.

– Не ме интересираат пофалбите, ние сме во позиција да направиме нешто. Во мојот роден град Канбера моментно го има најтоксичниот воздух на планетата и тоа е навистина тажно. Сите пари одат за семејствата, пожарникарите, животните, за сите кои ги загубија своите домови, семејства. Ова што се случува е посилно од тенисот – изјави Кирјос.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот