Пожари во Калифорнија: Уништени над четири милиони хектари земјиште од почетокот на годината

Фото: EPA-EFE/USFS/NWCG HANDOUT HANDOUT EDITORIAL USE ONLY

Во шумските пожари што од почетокот на годината ја зафатија американската сојузна држава Калифорнија досега се уништени над четири милиони хектари земјиште, соопштија денеска противпожарните власти.

Од јануари до денеска, во Калифорнија се забележани пет од шесте најголеми пожари во историјата по бранот на топол воздух и бури проследени со силни грмотевици, но без дожд што ја погодија државата за што научниците како причина го наведуваат глобалното затоплување.

Најмалку 31 лице загина, а повеќе од 8.454 куќи и други објекти се уништени во огнените стихии.

Калифорнија во периодот од 2010 година до 2017 година се соочи со суша што доведе до заболувања наезда од инсекти кои уништија повеќе од милион стебла.

Продажбата и изградбата на куќи е во пораст во периферните населби и пошумените делови во кои и претходно имаше пожари. Во областа Напа, во која се наоѓаат светски познатите виногради, во пожарите се оштетени десетици винарии.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот