Пожари во Калифорнија: Гувернерот прогласи вонредна состојба во пет окрузи

Фото: EPA-EFE/California National Guard HANDOUT BEST QUALITY AVAILABLE HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES

Гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусом прогласи вонредна состојба во пет окрузи на американската сојузна држава поради шумски пожари.

Станува збор за областите Фресно, Мадеира, Мерипос, Сан Бернардино и Сан Диего, соопшти кабинетот на гувернерот.

Во моментот, со пожар се зафатени над 18.000 хектари шума, што доведе до евакуација и затворање на патиштата во областа Фресно.

Досега загинаа осум лица и уништени се околу 3.300 објекти, а синоќа повеќе од 200 лица беа евакуирани со хеликоптери.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот