ПОЖАРИ ВО АВСТРАЛИЈА: Запалена површина од 100.000 хектари, 500 пожарникари се борат со огнената стихија

Фото: Твитер

Повеќе од 500 пожарникари учествуваат во напорите за да се локализираат шумските пожари кои уништиле околу триесет куќи во Источна Австралија.

Во австралиската држава Нов Јужен Велс, моментално се активни повеќе од 40 шумски пожари. Температурата во Австрлија денеска е нешто пониска откако силниот ветар и високите температури им ја отежнале борбата на пожарникарите со огнената стихија.

Повеќе од 100.000 хектари земја биле запалени, а меѓу најзагрозените села е Рапвил, во кој живеат околу 250 илјади луѓе, а околу 50 илиади во текот на ноќта биле сместени во училиште.

Заменик комесарот на противпожарните служби за рурални области во Нов Јужен Велес, Роб Роџерс, изјавил дека неколку луѓе биле префрлени поради изгореници од поголем степен и потешкотии со дишењето. Вкупниот број на повредени лица не е познат, а колкава е материјалната штета треба допрва да се утврди.

Роџерс изјавил дека противпожарната служба сака да утврди кој имот е оштетен или уништен, за да биде сигурен дека населението е на број и да се увери дека областа е безбедна, за мештаните да можат да се вратат во оние куќи кои не се уништени.

Тој додал дека преостанува уште многу работа која треба да се заврши, бидејќи поединечните исклучени каби за напојување со електрична енергија и многу стебла се урнати.

Премиерот на Австралија, Скот Морисон, изјави дека станува збор за опасна ситуација, но за среќа, никој не го загубил животот во пожарите.

Пожарите во Рапвил избија во петокот, на 4. октовмри, а постои сомнение дека се подметнати. Метеоролозите очекуваат дожд во Нов Јужен Велс за во петок, 11 октомври.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот