Пожари беснеат и во атарите на селата Горни Балван и Крупиште, се гледаат и од повисоките делови на Штип (ФОТО)

Гори сува трева и нискостеблеста шума во атарите на селата Горни Балван, Крупиште и Пишица. Зафатени се повеќе ридови, затоа и вечерва огнените јазици, но и  чадот можат да се видат и од повисоките делови на градот Штип.

Командирот  на Противпожарната единица во Штип, Тони Атанасов вели дека на терен се сите пожарникари, огнот се гасни рачни пумпи и метли, бидејќи станува збор за непристапен терен. Противпожарните возила не можат да пристапат кон теренот кој е зафтен. Во гаснењето на пожарот се вклучени и пожарникари од Пробиштип и Кочани.

Засега не постои опасност за доближување на огнените јазици до некое од населените места, а пожарникарите имаат пунктови покрај овие три села, со цел да се интервенира доколку се доближи огнот. Атанасов вели дека станува збор за голема површина, а  во моментов не може да се даде точна проценка за колку хектари се зафатени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот