Пожар во викендичка кај Неготино, внатре пронајдено човечко тело

Возило на македонската пожарна/ Фото: Архива

Во 09,30 часот утрово во СВР Велес било пријавено дека на периферијата на Неготино во лозов насад од полициски службеници бил забележан пожар на викенд куќа.

Полицијата ја повикала противпожарна единица кој го локализирала пожарот.

При преглед во викендицата било пронајдено човечко тело, соопшти МВР.

Идентитетот на загинатото лице не е утврден.

За настанот е известен јавен обвинител и ќе биде извршен увид.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот