Пожар во угостителски објект во Бутел

Со пожарот бил зафатен задниот дел од објектот во кој имало повеќе стари гуми од возила, кровната конструкција и помошната просторија.

Опожарен е угостителски објект во Бутел, на улицата „Томе Пуре”, сопственост на А.С., како и товарно возило „рено мастер”, сопственост на Н.С.(52) од Скопје, кое било паркирано во непосредна близина.

Како што соопшти СВР, случајот е пријавен ноќеска, во 01:15 часот. Со пожарот бил зафатен задниот дел од објектот во кој имало повеќе стари гуми од возила, кровната конструкција и помошната просторија.

Пожарот бил локализиран од екипа на Противпожарната бригада Скопје, повредени лица нема, а извршен е и увид.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот