Целосно изгореа студијата, техниката и редакцискиот дел.
Од засега непознати причини ноќеска избувна пожар во објект на струмичката касарна, во кој се наоѓа и регионалната ТВ Канал Вис. Целосно изгореа студијата, техниката и редакцискиот дел. Противпожарната екипа е на терен, a увидна екипа на полицијата ќе треба да ја открие причината за пожарот.