Пожар во стан на Бит Пазар, едно лице пренесено во болница

Фото: mia.mk

На 13.06.2021 во 03.00 часот било пријавено дека на подрачјето на Бит Пазар   настанал пожар во стан сопственост на В.З.(60), при што целосно била опожарена една соба. Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита, а М.К.(28) поради вдишан чад бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Видео на денот