Пожар во рудник во Шведска: Евакуирани 80 рудари

– После ова што се случи во рудникот, најверојатно, ќе има некои ефекти (при вадењето цинк), но не до тој степен што е значајно за нас, рече Нилсон.

Околу 80 рудари беа евакуирани откако изби пожар во рудникот за цинк во Гарпенберг, северна Шведска, изјави денеска сопственикот на рудникот Болиден.

Двајца работници се пренесени на медицински прегледи, соопшти компанијата.

– Ние го вентилираме чадот, го тестираме персоналот и правиме сите да се чувствуваат добро, рече портпаролот на Болиден, Клас Нилсон.

– После ова што се случи во рудникот, најверојатно, ќе има некои ефекти (при вадењето цинк), но не до тој степен што е значајно за нас, рече Нилсон.

Противпожарните екипи, заедно со противпожарната екипа „Болиден”, го изгаснале пожарот, кој  избувна во рудник оддалечен 130 километри од Стокхолм, додека околу 130 рудари се наоѓале во него.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот