ВИДЕО | Пожар избувна во РЕК „Битола“, повредени нема

Пожар во РЕК Битола/ Фото: Твитер

Пожар избувна на изолатор на трансформаторот на блок 3 во РЕК Битола синоќа во 22.50 часот, но веќе е изгаснат и нема повредени, информираа од АД Електрани на Северна Македонија.

„Изби пожар на блок 3 во РЕК Битола, еден од двата блока со кои во моментот работеше комбинатот (блок 1 и 3). Огнот изби во 22.50 часот на изолатор на трансформаторот на блок 3, надвор од електраната. Нема повредени, а огнот е брзо изгаснат“, соопшти АД Електрани на Северна Македонија.

На социјалната мрежа твитер, корисниците објавија видео на коа се гледа експлозија на главната трафостаница во РЕК Битола.

Видео на денот