Пожар во психијатриска болница во Романија

Пожар избувна синоќа во психијатриска болница во градот Кавник, округот Марамурес, северозападна Романија. Евакуирани се седумдесет и еден пациент сместени во болницата, изјави портпаролот на инспекторатот за итни случаи во Марамурес, Корнел Бабуц. Според него, пожарот започнал од бања на третиот кат од зграда. Причините за пожарот остануваат непознати.

Под наслов „Нов пожар во болница во Романија”, утрово весникот „Евениментул Зилеј” потсетува дека претходно изби пожар и во психијатриска болница во јужниот град Крајова.

Во моментов нема информации за повредени пациенти или лекари во пожар во болницата во Кавник, округ Марамуреш.

Во крајот на јануари избувна пожар во инфективната болница Матеи Балш во Букурешт, при што загинаа 20 лица. Околу 120 пациенти, претежно од Ковид-19, потоа беа евакуирани и пренесени во други болници.

Во ноември 2020 година, пожар избувна и на одделот за интензивна нега за пациенти со Ковид-19 во североисточниот град Пјатра Нјамц, при што загинаа 10 лица. Во пожар во психијатриска болница во североисточна Романија загина едно лице во декември. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот