Пожар во патничко моторно возило во движење во Кичево

Пожарникари / Фото: Архива

Вчера околу 10.35 часот на улица „Борис Кидрич“ во Кичево во месноста Стар Лопушник, се случил пожар во патничко моторно возило со кичевски регистарски ознаки во движење, управувано од Е.М.(63) од Кичево.

– По дојавата за пожар во моторно возило интервениравме на самото место со едно возило и пожарот целосно го ликвидиравме. Нашите проценки велат дека при овој пожар причинета е материјална штета од околу 20 000 денари, а реалниот износ на штетата ќе ја потврди осигурителната компанија каде што е осигурано возилото-рече командирот на ТППЕ Кичево, Горан Соколески.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот