ПОЖАР ВО ПАРИЗ: Запален скутер и повеќе возила во близина на железничката станица (ВИДЕО)

Фото: Твитер

Париската полиција вечерва ја евакуираше железничката станица Гар де Лион, откако од пожар беа зафатени повеќе возила паркирани во близина.

 

Како што се наведува, над историското здание може да се забележи густ облак на чад.

Полицијата соопшти дека пожарот е под контрола, но од околните улици од бреговите на реката Сена и понатаму може да се забележи огнот, јавува „АП“.

 

 

Полицијата соопшти дека некој намерно запалил скутер недалеку од станицата во време кога на локацијата денес се одржувал непријавен концерт, по што огнот брзо се проширил на возилата кои биле паркирани во близина.

Засега, како што наведе полицијата, нема податоци за повредени.

Локалните медиуми објавуваат дека пожарот е подметнат, откако за време на концертот на еден рапер од Конго избиле судири, пренесе „АП“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот