Пожар во објект на поранешниот „Жито-мел” во Куманово

ФОТО: МИА
Кумановските пожарникари веќе еден час се обидуваат да го локализираат пожарот на еден од објектите на поранешниот „Жито-мел” на булеварот „Октомвриска револуција”.
Од кумановската противпожарна единица информираат дека кај нив пожарот бил пријавен во 18.25 часот, по што на интервенција се упатила екипа со едно противпожарно возило.
Од почетокот на годинава оваа е петта интеревнеција на овој објект, кој е познат во Куманово како поранешен млин на „Жито мел”. Во овој објект често може да се забележи стара покуќнина која ја оставаат несовесни граѓани.
Изминативе години често се случуваат пожари на еден од објектите на овој поранешен најголем производител на леб и бели печива. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот