Пожар во куќа во кумановски Средорек

Пожар Куманово
Фото: МИА/илустрација

Горела семејна куќа во кумановската населба Средорек, соопшти денеска регионалниот центар за управување со кризи Куманово. Во пожарот нема повредени лица.

Пожарот во територијалната противпожарна единица бил пријавен во 2.50 и го гаселе две противпожарни возила и шестмина пожарникари, информираа од кумановската противпожарна единица.

И екипа на СВР Куманово извршила увид. Оттаму информираа дека куќата е во сопственост на 42-годишниот Ј.О.

Пожарот е изгаснат во 4.45 часот.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот