Пожар во куќа во близина на Домот на градежници, го гаснеа 11 пожарникари

 Пожар избувна изутринава во куќа во близина на Домот на градежници во центарот на Скопје, изјави за МИА, командантот на Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје, Владимир Симоновски.

– Во 8:37 часот е примена дојава за пожар во куќа во близина на Домот на градежници. Опожарени беа 20 квадратни метри во куќата. Пожарот го гаснеа 11 пожарникари со четири возила. Пожарот е изгаснат во 9:40 часот – рече Симоновски.

Посочи дека во моментот кога избувнал пожарот куќата била празна. Засега не се познати причините за избувнувањето на пожарот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот