Пожар во ковид-болница во Индија: Најмалку пет лица загинаа, 28 се повредени

Најмалку пет лица загинаа, а 28 се повредени во пожар кој утрово избувна во индиска приватна болница каде се лекуваат пациенти со Ковид-19.

Полицијата соопшти дека пожарникарите успеале да спречат ширење на пожарот. Пожарот зафати еден кат од зградата и беше изгаснат во рок од 30 минути.

Индиските медиуми јавуваат дека пожарот избувнал на одделот за интензивна нега во една болница во западниот дел на Индија, каде се лекувале 33 пациенти со ковид-19.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот